Комисијата за заразни болести го предомисли: Јанчев го откажа протестот пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

Градоначалникот на Кавадарци и експотпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Митко Јанчев го пишмани Комисијата за заразни болести и го откажа одржувањето на најавениот протест за во понеделник. Протестот требаше да се одржи прд седиштето на ВМРО-ДПМН за актуелниот лидер на партијата Христијан Мицкоски да поднесе оставка.

Јанчев за весникот Вечер вели дека ваква одлука е донесена утрово, по консултации со Министерството за здравство и со Комисијата за заразни болести.

– Оценето е дека во ова време на пандемија, голема е опасноста од вакви собири, а за истиот што беше планиран за во понеделник веќе имаше интерес од над 3.000 луѓе. Затоа решивме, протестот да го одржиме на еден поинаков начин и притоа да ја пратиме пораката, а да ги запазиме здравствените протоколи. Пораката на Мицкоски ќе ја пратиме преку прес конференции на општинските комитети, со кои започнуваме од денеска, па во наредните денови – вели Јанчев.

Тој истакнал дека одлуката не значи дека се повлекува од намерата, напротив, тој порачува дека Мицкоски мора да ја остави партијата да работи и да престане да му овозможува на Зоран Заев и на СДСМ да работат против интересите на државата.

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.10.2020 - 13:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега