Комисија за образование на СДСМ: Наставниците да не заборават, драстично им ги зголемивме платите
Oд Комисијата за образование и наука на СДСМ преку соопштение во јавноста се осврнаа на сето она што го реализирале и на кој начин придонеле за подобрување на воспитно-образовниот процес во земјата. Во соопштението, меѓу другото, надлежните напоменуваат дека во фокусот на владата предводена од СДСМ бил и благодетот на наставниот кадар. На наставниците им порачаа да не забораават дека драстично им ги покачиле платите.
„Апелираме да не се заборави дека во фокусот на владата предводена од СДСМ се на благодетот на наставниот кадар. На наставниците им се овозможи:
- кариерно напредување во звања и обезбедивме квалитетна менторска поддршка на наставниците приправници. Наставниците не се подложни на познатиот процес на екстерно тестирање од кое трпеа последици на нивното работно место.
- платите драстично се зголемија, за разлика од периодот кога ДПМНЕ беше на власт ги зголеми за само 850 денари. Ги зголемивме платите на наставниците за првпат после неколку години за 55%, односно 52.542 денари бруто плата без додатоци.
- по децении за првпат го вративме регрес за годишен одмор на наставниците.
- овозможивме развивање на професионалните компетенции на наставниците преку обуки на разни теми кои се од големо значење за унапредување на квалитетот на образовниот процес.
- им се намали административната работа на наставниците оставајќи простор за нивна автономија во организација и реализација на наставниот час и времето поминато во училиште“, порачаа меѓу другото од Комисијата за образование и наука на СДСМ во соопштението испратено до медиумите.
18.09.2023 - 14:22
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа