Колку навистина е смртоносна короната - Американците објавија податоци за смртните случаи поврзани со вирусот

 

Со оглед на тоа дека пандемијата Ковид-19 продолжува, бројот на починатите и понатаму расте, посебно во САД, каде повеќе од 180.000 луѓе починале од почетокот на пандемијата.

Меѓутоа, новата бројка која ја објави Центарот за контрола на болести предизвикала забуна, посебно откако ја ретвитна и претседателот.

На 26. август Центарот за контрола на болести ги го ажурираше бројот на смртни случаи од Ковид-19, а во делот со коморбидети пишано е дека само 6 смртни случаи биле предизвикани од вирусот. Оваа информација ја искористија оние кои веруваат дека вкупната бројка на смртни случаи и тежината на пандемијата биле преувеличени како оид за омаловажување на претседателот на САД, Доналд Трамп, во текот на изборната година.

Болести кои исто така допринеле за голем број смртни случаи се хипертензија, дијабет, васкуларна и неспецифична деменција, срцев застој и срцева инсуфицијенција.

Пандемијата и начинот на нејзиното решавање станаа топка која си ја префрлаат надлежните во САД. Многумина се спротиставија на носењето маски ширум земјата, расправајќи за тоа колку се всушност ефикасни при ширење на вирусот.

Новата критика заснована на бројот на смртни случаи доаѓа дури и откако Центарот за контрола на болести ги промени правилата кој точно треба да се стави во карантин и кога на меѓународните патници повеќе не им е потребен период од 14 дена.

Меѓутоа, иако правилата се променија, локалната самоуправа и понатаму може да наметнува ограничувања.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.09.2020 - 08:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега