Колку граѓаните од Западен Балкан ги чини потрошувачката кошница во однос со нивните плати?

Сите земји од Западен Балкан се еднакво погодени од кризата, покажува истражувањето на Радио Слободна Европа. Во нивното истражување спроведено низ 5 земји, меѓу кои и Македонија, се прави споредба меѓу минималните и просечните плати на граѓаните, со потрошувачката кошничка која ги чини на месечно ниво.

Карактеристично за Македонија е дека во месец август потрошувачката кошница изнесувала 840 евра (51.670 денари), додека пак минималната плата изнесува 293 евра (18.023 денари), а просечната плата била 520 евра (31.986 денари).

Црна Гора бележи најдобри бројки меѓу земјите од Западен Балкан кога станува збор за најмала разлика меѓу финансиската кошница и просечната плата. Во оваа земја потрошувачката кошница за месец септември изнесувала 781 евро (48.041 денари), додека пак минималната и просечната плата биле 450 евра (27.680 денари) и 718 евра (44.165 денари) соодветно.

Босна и Херцеговина пак е земја каде оваа разлика е најголема, односно каде луѓето плаќаат најмногу за основните трошоци за живот, а платите се доста помали.

Деталното истражување по земји, погледнето го на .

25.11.2022 - 11:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега