Колева: Буџетот за 2023 е развоен и обезбедува економски раст
На пленарна седница денеска на дневен ред е буџетот за 2023 година доставен од Владата. Буџетот за 2023 година е развоен, обезбедува стабилност, економски раст и тој е одговор на последиците од светската економска криза. 250 милиони евра од вкупниот буџет се наменети за нови мерки за помош и поддршка на граѓаните, изјави пратеничката на СДСМ, Даниела Колева.
„1,2 милијарда денари или 120 милиони евра се предвидени за ново зголемување на пензиите, кое ќе се случи во март в година. 8.000 милиони евра се предвидени за нови капитални инвестиции, а поддршка има и за општините за кои се наменети 433,9 милиони евра.
Обезбедени се средства и за реализација на стратешките реформи важни за трансформација на општеството, но и за преговарачкиот процес. Со буџетот за 2023 и со мерките и политиките што ги преземаме следната година ќе биде година на економски пресврт.
Правиме општествена промена преку енергетската транзиција, нови странски директни инвестиции и силна поддршка за граѓаните и домашната економија. Повикуваме сите пратеници да му дадат поддршка на буџетот, кој е важен за граѓаните и за македонската економија. Како одговорно парламентарно мнозинство продолжуваме со вистинска грижа за сите граѓани, со вистинска грижа за македонската економија“, рече Колева.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа