Која е бојата на фустанот од водителката - оптичка илузија предизвика „општ хаос“ на социјалните мрежи

Кендал Гилдинг уште еднаш несвесно покренала „револуција“ на социјалните мрежи за феноменот оптичка илузија - кога станува збор за бојата.

Имено, водителката за една емисија избрала да носи класичен, еднобоен фустан, но не се посомневала дека само еден нејзин опис на фустанот може да предизвика лавина коментари кај следбениците. И еве, се повторува приказната, а оптичката илузија повторно го подели светот.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by KENDALL GILDING (@kendallgilding7)

„Среда во бело“, напишала водителката во описот на фотографијата која што ја поставила на социјалната мрежа Инстаграм, по што следеле многубројни коментари.

„Секако е син, но убав е“, бил само еден од коментарите кои што тврделе дека футанот е син.

Меѓутоа, водителката објаснила дека под студиското светло фустанот можеби добива син отсјај, но всушност е бел.

Споредувајќи го сето тоа со некои други оптички илузии како фустани кои што некои ги гледаат како бело-златни, а други како сино-црни, не ни преостанува ништо друго освен да се запрашаме кој и кога ќе ја реши таа двојба - поради што имаме различна перцепција и од што зависи тоа.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by KENDALL GILDING (@kendallgilding7)

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.01.2021 - 15:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега