Кои се условите на Алтернатива за влез во Владата?

 

Премиерот Зоран Заев и лидерот на Алтернатива, Африм Гаши не успеаја да постигнат договор за влез во Владата и зголемување на парламентарното мнозинство. Како што информираа и двајцата, не се дискутирало за конкретни понуди.

Сепак, Заев вели дека станува збор за дискусија базирана на програмски принцип и откри кои се приоритетите на Алтернатива.

-Во ваквите програмкси принципи како ќе ги разговараме и меѓусебно договараме, така и ќе ги соопптуваме. Но, дефинитивно се работи за проблематика околу извршителите, дефинитивно се работи за проблематика околу недоволно развиени региони како што е Липковскиот регион, дефинитивно се работи за социјални аспекти на ранливи категории на граѓани и драго ми е што се работи еднакво за сите граѓани. Сите овие работи треба да ги разгледаме, да ги редефинираме во делот на програма на Влада и да бидат вградени во програма на влада, рече Заев.

19.11.2021 - 18:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега