Кочовска: Наставниците ќе добијат повисоки плати
Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, денеска од Охрид порача дека стои зад најавите дека ќе има покачување на платите за вработените во образованието.
Таа на маргините на 23. Годишна конференција на Македонската берза пред медиумите, изјави дека останува да биде изготвен буџетот, но оти цврсто стои на позицијата да има зголемување на платите за наставниците и професорите во основните и средните училишта
Да го завршиме буџетот, меѓутоа е и една од работите на која што цврсто стојам, тоа е зголемување на платите за основно и средно образование за наставниците. Мојата борба исто така е да обезбедиме средства за зголемување на плати во здравството – истакна таа одговарајќи на прашања на медиумите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа