Кочоска Димитриеска: СДСМ се здружена криминална банда со ДУИ, затоа немаат храброст да ги осудат за исвиркување на македонскиот јазик

 

Потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска Кочоска даде одговор на новинарско прашање за немањето осуда од страна на власта за исвиркување на македонскиот јазик за време на прославата за Рамковен.

„Министерката за култура воопшто не се огради, не пак да го осуди настанот. Повторно морам да кажам, зборуваме за потрошени пари на граѓаните на Република Македонија и најголем дел од нив преку таа прослава и исвиркувањето  на некој начин се навредени нашиот идентитет, нашиот јазик“, изјави Димитриеска Кочоска.

Димитриеска Кочоска кажа дека СДСМ не го осудува ова однесување затоа што треба да си го осудат коалициониот партнер со кој се заедно во криминалите.

„Треба да излезат и да го критикуваат коалициониот партнер, а тоа е ДУИ. Но тоа е една здружена криминална банда која заради криминал и корупција ќе ги премолчи сите работи.  Оттука министерката за култура нема храброст да искоментира било што“, рече Димитриеска Кочоска.

16.08.2022 - 12:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега