Кочанчанец осомничен за поткуп - ѝ дал 100 евра на комисијата за да положи возачки испит

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против 43-годишниот И.Д. од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп“.

На 29.07.2020 во кругот на „Здружение на возачите“ во Кочани, пред закажан термин за полагање на возачки испит за Ц - категорија, во товарно возило сопственост на авто школа, пријавениот, на службените лица, при приложување на документи за лична идентификација, им дал и банкнота во апоени од 100 евра, со цел истите да му овозможат да го положи возачкиот испит.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.09.2020 - 17:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега