Најниската утринска температура денеска изнесува -6 степени Целзиусови, измерена во Скопје (Петровец), Битола и Берово, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Студено утро е регистрирано и во Струмица и Демир Капија со -5 степени. Во Штип, Велес, Куманово и Тетово се измерени -4 степени, а во Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци, Гевгелија и Прилеп -3 степени.
Пониски температури се забележани и во Крива Паланка со -2, додека во Охрид, Маврови Анови и Претор температурата изнесува -1 степен. Најтопло утро имало во Попова Шапка и Крушево со три степени, и 0 во Виница.
Што се однесува до дневната прогноза, УХМР најавува дека во претпладневните часови во одделни котлини сѐ уште ќе има појава на магла.
Во текот на денот се очекува сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе се движи во интервал од 8 до 13 степени.
Во Скопје, во делови од котлината ќе има магла претпладне, а во текот на денот ќе биде сончево со мала облачност и тивко. Максималната температура во главниот град ќе достигне до осум степени.

