Утрово во земјава беа измерени температури под нулата, но синоптичарите за денес најавуваат сончево време со максимална температура до 16 степени.

Најниската утринска температура од -5 степени е измерена во Берово и на Попова Шапка. Температура од -4 степени е регистрирана во Маврови Анови, Демир Капија, Крушево, Крива Паланка и Скопје – Петровец. Во Струмица, Претор, Штип и Прилеп се измерени -3 степени, додека во Велес, Охрид, Тетово и Виница -2 степени. На Зајчев Рид во Скопје, Пожаране и Тополчани се измерени -1 степен, а во Гевгелија нула степени.

Според прогнозите, до крајот на неделата времето ќе биде претежно сончево. Денеска во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а во источните од северозападен. Максималната дневна температура ќе се движи меѓу 9 и 16 степени.

Во Скопје претпладне ќе биде претежно облачно, а попладне сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец, а максималната температура ќе достигне до 11 степени.

Exit mobile version