Close Menu
    Најново

    „Коалицијата на подготвените“ утре во Париз, фокус на безбедноста на Украина

    05.01.2026 во 17:48

    Снегот го парализира Амстердам: Откажани речиси 500 летови

    05.01.2026 во 17:45

    Британскиот премиер застана зад Данска во спорот околу Гренланд

    05.01.2026 во 17:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • „Коалицијата на подготвените“ утре во Париз, фокус на безбедноста на Украина
    • Снегот го парализира Амстердам: Откажани речиси 500 летови
    • Британскиот премиер застана зад Данска во спорот околу Гренланд
    • Продолжуваат протестите во Иран
    • Илир Мета останува зад решетки: Судот не се смилува врз поранешниот албански претседател
    • Крвав биланс од новогодишната ноќ: Седум лица завршија со ампутирани прсти и тешки изгореници од петарди
    • Снежна бура ја парализираше Холандија: Откажани 500 летови, патниците заробени на аеродромите
    • Осуденик се вратил од викенд во „Идризово“ со марихуана во џеб
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » „Коалицијата на подготвените“ утре во Париз, фокус на безбедноста на Украина

    „Коалицијата на подготвените“ утре во Париз, фокус на безбедноста на Украина

    05.01.2026 во 17:48
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Генералниот секретар на НАТО Марк Руте, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта ќе учествуваат на утрешната средба во Париз на т.н. „Коалиција на подготвените“, посветена на состојбата во Украина, соопштија прес-службите на трите институции.

    Од НАТО информираа дека средбата ќе биде копретседавана од францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Кир Стармер, а по завршувањето на разговорите не се предвидени изјави за медиумите.

    Во соопштението на Европскиот совет е цитиран претседателот Антонио Кошта, кој оценува дека единствениот начин Русија да биде привлечена кон мировни преговори е преку зајакнување на украинската страна.

    Францускиот претседател Макрон на крајот од декември изјави дека разговорите во Париз ќе се фокусираат на безбедносните гаранции за Украина. Според него, учесниците во коалицијата на утрешната средба треба да го прецизираат својот конкретен придонес кон тие гаранции.

    Во „Коалицијата на подготвените“ учествуваат 35 држави, како и НАТО и Европската комисија.

    Популарно

    (ВИДЕО) Македонски автобус излета од автопат во Србија

    05.01.2026 во 09:57

    Крај за хартиените документи и даночните затајувања: Стартува системот „Е-фактура“

    05.01.2026 во 14:55

    Испланирајте пред време: Оваа година има дури седум продолжени викенди

    05.01.2026 во 09:48

    Тошковски најавува заострени казни за петарди: Полициски службеник фатен во шверц со пиротехника

    05.01.2026 во 14:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.