Клубовите во 2023 потрошиле рекорден износ на трансфери

Фудбалските клубови низ светот потрошиле рекордни 9.63 милијарди долари на меѓународни трансфери во 2023 година, што е зголемување за речиси 50 отсто во споредба со 2022 година.

Ова го покажува глобалниот извештај за трансфери што денеска го објави Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), истакнувајќи дека лани се реализирани рекордни 74.836 трансфери. Од оваа бројка, 23.689 (31.7 отсто) од трансферите се однесуваат на професионални фудбалери и фудбалерки, додека преостанатите 51.147 трансфери биле поврзани со аматерскиот фудбал.

Вкупниот потрошен износ на трансфери минатата година е за 48.1 отсто повеќе во споредба со 2022, а за две милијарди долари повеќе споредено со 2019 година.

На врват на листата повторно се англиските клубови кои лани на трансфери потрошиле 2.96 милијарди долари.

Француските клубови потрошиле 991 милиони долари, германските 850 милиони долари, италијанските 757, а шпанските 469 милиони долари, покажува извештајот на ФИФА.

30.01.2024 - 22:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега