Клековски: Во Фондот правел кој што сака - директор си ја зголемил платата за 400.000 денари
Новиот директор на Фондот за здравство, Сашо Клековски, во синоќешниот Дневник на ТВ Сител рече дека ФЗОМ претрпел големи штети од злоупотреби и долгови на претходната владеачка елита. Таквите состојби биле утврдени со вонредни контроли.
„Директор користел патни трошоци од речиси 500 илјади денари во 10 месеци за што нема никаков документ. Друг директор си ја зголемил платата за 400 илјади денари за една година, за што нема никаква законска основа. Во Центар за јавно здравје се исплаќале плати врз основа на колективен договор што не постои, значи се давале измислени плати“, рече Клековски без да изнесува имиња.
Фокус во моментов, вели тој, е проверка на јавните здравствени установи со најголеми долгови. Јавните здравствени установи должат пет милијарди денари.
„Тешко е да се утврди колкава е вкупната штета од овие злоупотреби, бидејќи правиме проценки во различни сегменти. Во болница надвор од Скопје, во првиот месец по промената на директорот, само по основ на прекувремена работа имаме скратени трошоци за 30 илјади евра за еден месец“, рече тој.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа