Close Menu
Press24
    Најново

    Вртоглави цени во Европа: Еве во кои градови квадратот надминува 18.000 евра, а стан со една спална е милион

    10.06.2026 во 10:28

    Апокалиптични сцени во Словенија: Силна бура активираше 50 свлечишта, штетите се во милиони евра

    10.06.2026 во 10:16

    Тутунот да се третира на правилен начин – клучни препораки од СЕКЕ Прилеп

    10.06.2026 во 10:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Вртоглави цени во Европа: Еве во кои градови квадратот надминува 18.000 евра, а стан со една спална е милион
    • Апокалиптични сцени во Словенија: Силна бура активираше 50 свлечишта, штетите се во милиони евра
    • Тутунот да се третира на правилен начин – клучни препораки од СЕКЕ Прилеп
    • Град Скопје со известување до граѓаните
    • Сообраќајна несреќа во Македонија – Се судрија возила во Штип
    • Одлични вести: Цената на нафтата драстично падна
    • Апсење на Блаце – МВР со детали
    • За еден хороскопски знак, оваа недела би можела да биде идеална можност да ги реши финансиските проблеми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Клековски: Над 650 пациенти чекаат вештачки колкови, но пристапот до операции значително се подобрува

    Клековски: Над 650 пациенти чекаат вештачки колкови, но пристапот до операции значително се подобрува

    04.06.2026 во 12:492 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Над 650 пациенти во моментов чекаат за вградување вештачки колкови во земјава, но во трите главни јавни здравствени установи е забележан значителен пораст на бројот на овие интервенции, соопшти денеска директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски.

    На брифингот со новинарите беше посочено дека во периодот од 2023 до 2025 година во 14 јавни здравствени установи се реализирани вкупно 4.044 интервенции, што претставува пораст од 9,9 проценти, при што беше оценето дека Македонија е солидна во замената на колкови, но сè уште заостанува зад регионот кај колената.

    „Овие бројки потврдуваат дека пристапот до операции за замена на колк и колено значително се подобрува. Следува отворање на оперативните блокови на Клинички центар и ГОБ 8 Септември и понатамошен развој на коленската артропластика“ – нагласи Клековски.

    Со цел дополнително унапредување на состојбите, првиот човек на ФЗО презентираше неколку клучни препораки кои вклучуваат редовни тендери четири месеци пред истек на договорите, рамковни набавки, стандардизација на болничкиот престој и воведување на централизиран регистар со максимален рок за неитни интервенции до три месеци.

    Одговарајќи на новинарски прашања околу причините за создавањето на застој во државните клиники, директорот посочи на специфични навики кај самите пациенти.

    „Да, точно е, листите на чекање се такви какви што се, меѓу другото во 8 Септември и на Клинички, затоа што поединци сакаат да се оперираат кај одреден хирург, а не кај некој, кај кого можеби има слободен термин“ – одговори Клековски на новинарско прашање.

    На крајот од своето излагање Клековски потенцираше дека во оваа направена анализа не се вклучени податоците за пациентите кои биле оперирани во приватните здравствени установи во државата.

    Прочитај повеќе

    Град Скопје со известување до граѓаните

    10.06.2026 во 10:09

    Сообраќајна несреќа во Македонија – Се судрија возила во Штип

    10.06.2026 во 10:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.