Клековски: Министерот Тошковски проблемот со возачките дозволи го реши за еден ден
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски покажа дека единствено важно му е владеење на правото и ја информираше јавноста дека престануваат да важат патните исправи и возачките дозволи. Јас се сомневам дека СДСМ ќе предложеше измени на законот ако тоа не го стореше ВМРО-ДПМНЕ, рече Сашо Клековски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисијата Само вистина што се емитува на телевизија Канал 5 укажувајќи дека министерот Тошковски за еден ден го реши проблемот со возачките дозволи.
„Законите кои се однесуваат на документите на граѓаните се донесени 2021 година, Преспанскиот договор е многу пред тоа, дополнително во меѓувреме се издаваа документи со Република Македонија, а кој требаше да предложи и да ги смени законите, многу е јасно“, изјави Клековски.
Клековски потсети на изјави на тогашниот владин портпарол кои се однесуваат на промена на личните документи на граѓаните.
„Миле Бошњаковски рече дека документите ќе се издаваат, односно заменуваат со истек на нивниот рок рече тогашниот портпарол на Владата, Миле Бошњаковски и одеднаш им рекоа на граѓаните е сега мора да ги менувате документи“, посочи Клековски.
Според Клековски за целата ситуација, поточно хаосот со издавање на личните документи многу е јасно кој е виновен.
„Виновен е тогашниот министерот за внатрешни работи затоа што навреме не ги почна процесите за набавка на обрасци, документи. Да почнеше се навреме немаше да дојде до оваа ситуација, до хаос и дополнителни трошоци за граѓаните, да даваат пари за важечки документи“, кажа Клековски.
12.02.2024 - 20:28
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа