Ќириќ за Германците и Вардар: Има долг, правни проблеми, коронавирус - надеж постои, ама нма многу време

Како што објави „Спортмедиа“, Саша Ќириќ, екс фудбалерот на Вардар, донесе Германци да преговараат со најтрофејниот македонски тим, за превземање од нивна страна. Легендата на мак-фудбалот потенцираше дека има проблеми околу долгот, правни проблеми, а дополнителен проблем е коронавирусот. Меѓутоа обелодени дека има надеж, но треба време, а тоа во моментов Вардар богами го нема.

Тој се огласи на Фејсбук и го кажа своето гледиште:

„Би споделил неколку детали со ситуацијата околу Вардар. Со желба на било каков начин да му се помогне на клубот, стапив во контакт со фирмата FLYERALARM GLOBAL SOCCER од Германија, чија основна цел е инвестирање во фудбалски клубови. Тие веќе инвестираат во Адмира Вакер од Австрија, Вирцбург Кикерс од Германија и се главни спонзори во женската Бундеслига. Главен човек и раководител е Феликс Магат, добро познато име, и мој пријател.

После првите разговори и мое објаснување, се појави интерес и кај нив. После средбата со градоначалникот Шилегов и водечките луѓе на Вардар, им ја доставив целата ситуација. Покрај проблемите со долгот кој е неколку милионски и одредени правни проблеми, го имаме проблемот со коронавирусот, односно оневозможување на нормално патување на луѓе.

Да не се лажеме, никој нема да фрли неколку милиони со само 2-3 телефонски повици и мејлови. Затоа треба луѓето да дојдат, да ја скенираат целата ситуација, и да најдат решение за проблемот. Надеж постои, но се зависи само од нив. За жал времето е тој луксуз кој го немаме, ама ако ништо друго ќе пробаме. Да не се каеме после дека не сме пробале.“, напиша Ќириќ кој што паралелно побарал мали средства за да се стартуваат подготовките на тимот.

Тој изрази жалење што повеќе луѓе не се инволвирани во спас на клубот, и да не се остане само на оваа надеж, и на онаа од Бугарија.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.07.2020 - 17:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа