Ќерката на Елвис Присли итно примена во болница

 

Лиза Мари Присли, ќерката на Елвис Присли, итно била пренесена во болница поради можен срцев удар, дознава „TMZ“.

Извори изјавија дека болничарите извршиле CPR во четвртокот во нејзиниот дом во Калабасас пред да ја пренесат во болница.

Се додава дека успеале да и го вратат пулсот пред да биде пренесена.

Во моментот не се знае каква е нејзината состојба, но се знае дека е на лекување во болница.

Инаку Лиза Мари, ќерката на Елвис и Присила Присли, беше на доделувањето на Златните глобуси во вторникот вечерта во Беверли Хилс.

Таа и нејзината мајка беа присутни за да го видат Остин Батлер, за неговиот портрет за кралот на рокенролот – „Елвис“.

12.01.2023 - 23:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега