Односите во семејството Џиновиќ веќе со месеци не престануваат да ги полнат страниците на домашниот печат, а најновите случувања на релација татко-ќерка дополнително ги вжештија социјалните мрежи.
Додека Харис неодамна за „Курир“ зборуваше за нарушените односи и емотивното дистанцирање, објавите на Џина Џиновиќ предизвикуваат низа реакции и ги разгоруваат шпекулациите во јавноста.
Неодамна на социјалните мрежи таа направи потег за кој сите зборуваат, а малкумина очекуваа нешто такво. Наместо вообичаени фотографии во модни комбинации или од луксузни дестинации, таа објави видео со многу тешка и директна порака.
Џина сподели дел од интервју во кое една девојка емотивно зборува за својот однос со татко ѝ, како и за работи од минатото кои, како што вели, не може да му ги прости. Тоа веднаш го привлече вниманието на нејзините следбеници, кои почнаа да се прашуваат дали Џина со оваа објава сакала да испрати одредена порака.
Нарушените односи и недостатокот на комуникација очигледно кулминирале, а цитатот што го споделила носи исклучително силна емотивна тежина.
„Никогаш повеќе нема да зборувам со татко ми. Никогаш повеќе. Жив е, за жал. Никогаш нема да му простам. Мислам дека не треба на сите да им се простува сè. Треба да ги оставите таму каде што се. Можам да продолжам понатаму без тебе. Ако умреш денес, за мене тоа ќе биде добар ден“, се наведува во видеото што Џина го споделила на својот профил.
Иако Џина не се потпишала директно ниту, пак, додала личен коментар на видеото, времето на објавата и нејзината содржина ги натераа многумина да помислат дека зборовите се упатени токму кон нејзиниот татко.
По објавата следеле бројни негативни коментари на нејзина сметка, а на еден од нив реагирала и самата ќерка на пејачот.

„Кој се радува на смртта на својот татко, не може да биде добар човек. Кој ќе се ожени со тебе, кутра си, смешна… Не нè интересираат твоите фустани и ресторани“, гласел коментарот.
Џина одговорила дека коментарот е резултат на погрешни информации пласирани преку медиумите.
„Вие, госпоѓо, целосно доброволно сте неинформирани, а сепак најдовте за потребно да го дадете вашето, патем непобарано мислење. Доколку навистина ја прочитавте глупоста што ја објавија весниците (бидејќи очигледно само тоа за мене им се продава, сигурно не би заработиле ако објават дека зборувам пет јазици, на пример), ќе видевте дека споделив интервју со една многу силна жена и инфлуенсерка, Визард Лиз, која зборуваше за своето детство и односот што го имала со својот татко.
Тоа е нејзина реченица која мене ми ја ставија во уста, а тоа нека оди на нивна душа. Но, само вие продолжете да создавате впечатоци преку весниците за луѓе кои не ги познавате. Сè најдобро!“, одговорила Џиновиќ.