Close Menu
Press24
    Најново

    Што би смениле кога би можеле да го живеете животот од почеток?

    18.03.2026 во 23:45

    Беџети се пожали: Пораки од Собрание добивам само на македонски

    18.03.2026 во 22:52

    Ифтарска вечера организирана од Коњановски

    18.03.2026 во 22:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Што би смениле кога би можеле да го живеете животот од почеток?
    • Беџети се пожали: Пораки од Собрание добивам само на македонски
    • Ифтарска вечера организирана од Коњановски
    • ФОТО: Мицкоски разговараше со Фон дер Лајен
    • Почина Архиепископот на Грузија, Илија II
    • Израелски удар во срцето на Техеран: Убиен министерот за разузнавање Есмаил Хатиб
    • (ВИДЕО) „Реки од народ“ во Техеран: Масовна поддршка за иранските воени операции
    • Милошоски – Лексман: Членството во ЕУ е заемно корисно за стабилноста
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ќе запре ли одливот на медицинки кадар од Македонија – Собранието заседава

    Ќе запре ли одливот на медицинки кадар од Македонија – Собранието заседава

    11.02.2026 во 09:462 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Собранието денеска треба да ја продолжи 84. седница, на чиј дневен ред се преостанати уште две точки.

    Пред пратениците се Предлог законот за дополнување на Законот за здравствената заштита, по скратена постапка и Предлог законот за ратификација на Дополнителниот протокол кон Конвенцијата за Договорот за меѓународен патен превоз на стоки (CMR) за електронски товарен лист, усвоен во Женева на 20 февруари 2008 година.

    Со решенијата предвидени во Предлог-законот за здравствената заштита ќе се овозможи ефикасна примена на начелата на потребата од стручност и компетентност за работните позиции за кои кандидатот конкурирал. Со предложеното решение ќе се овозможи избор на најдобриот кандидат за вработување во здравствените установи, а со тоа ќе се врати довербата во здравствените институции и ќе се дестимулира одливот на дефицитарен медицински кадар од државата.

    Дополнителниот протокол кон Конвенцијата за Договорот за меѓународен патен превоз на стоки усвоен во 2008 година, пак, предвидува дигитализирање на транспортните активности преку електронска документација, како и електронска размена на регулаторните информации меѓу транспортните оператори-бизнисот и надлежните државни органи. Ова е познато како „електронски товарен лист“ или „eCMR“.

    Протоколот за eCMR е ратификуван од 39 земји, овозможувајќи легална употреба на електронски испратници за меѓународен патен транспорт меѓу овие земји. Листата ги вклучува следните земји: Германија, Ерменија, Австрија, Азербејџан, Белгија, Белорусија, Бугарија, Данска, Словачка, Словенија, Шпанија, Естонија, Финска, Франција, Грција, Унгарија, Иран, Италија, Киргистан, Латвија, Литванија Луксембург, Молдавија, Норвешка, Оман, Холандија, Полска, Португалија Обединетото Кралство, Чешка, Романија, Русија Шведска Швајцарија, Таџикистан, Туркменистан, Турција, Украина и Узбекистан. 

    Популарно

    Што би смениле кога би можеле да го живеете животот од почеток?

    18.03.2026 во 23:45

    Беџети се пожали: Пораки од Собрание добивам само на македонски

    18.03.2026 во 22:52

    Ифтарска вечера организирана од Коњановски

    18.03.2026 во 22:41

    ФОТО: Мицкоски разговараше со Фон дер Лајен

    18.03.2026 во 22:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.