Македонија, заедно со остатокот од европските земји, идната недела преминува од зимско кон летно сметање на времето. Стрелките на часовниците ќе се поместат за еден час нанапред.
Официјалното преминување на летното време е на 29 март.
„Стрелките на часовниците ќе се поместат за еден час нанапред, на 29 март во 02:00 часот, а потоа ги поместуваме часовниците за еден час нанапред, до 03:00 часот“,.
Со оваа промена, денот ќе станува „подолг“, а ноќта за еден час пократка. Летното сметање на времето ќе трае до последната недела во октомври, кога часовниците повторно се враќаат еден час наназад.

