Ќе се расипе времето - температури под нулата, во среда нова промена

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност во претпладневните часови. Од пладне облачноста ќе се намали и преку денот времето ќе биде сончево и посвежо. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер, информираат од УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.

Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност, од пладне облачноста ќе се намали и ќе преовладува сончево време. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 13 степени.

-Во следните денови ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност. Утре и во понеделник ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен северен ветер што ќе предизвика опаѓање на дневните температури за 7 до 10 степени. Утринските температури од понеделник на повеќе места ќе се спуштат под нулата, а дневните од среда ќе бидат во постепен пораст, информираат од УХМР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.02.2021 - 09:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега