Инфлуенсерите против правилникот на Aгенцијата за аудио и аудиовизуелни елементи за нивна регулација. Велат дека Водичот е надвор од законските рамки и не е усогласен со реалноста на дигиталниот простор. Формираа Здружение, а се сретнаа и со министерот за дигитална трансформација. 

https://sitel.com.mk/kje-se-menuva-li-zakonot-so-koi-se-reguliraat-influenserite

На средбата се договориле да се договорат.

-На состанокот не беа донесени финални одлуки околу актуелната регулаторна рамка, но се договори продолжување на дијалогот и консултациите меѓу министерството, здружението на инфлуенсери, АВМУ, медиумската заедница и експертската јавност, ни одговорија од Дигитална трансформација.

-Наидовме на добра воља и дискутирање на темата со цел надминување на проблемите на кои наидоа инфлуенсерите во однос на правилникот диктиран од АВМУ, напишаа на Инстаграм инфлунсерите по средбата со Андоновски.

Здружението воено доставило и предлог до министерот, за донесување нов Кодекс кој ќе се темели како што велат на принципите на саморегулација и ко-регулација.

Министерството за дигитална трансформација не ја исклучува можноста за промена на законот во корист на инфлуенсерите. Но, како што велат оттаму, прво консултација со сите засегнати страни, па интервенција подоцна кога ќе бидат проценети и последиците.

Од АВМУ се децидни – законот мора да се почитува, а истиот може да го променат само пратениците.

Според важечките правила, блогери со над 10.000 следбеници треба да се регистрираат до март, во спротивно им следува прекршочна пријава. Досега тоа го сториле само 10 лица, иако бројот на инфлуенсери што заработуваат од Инстаграм и Јутјуб е многу поголем.

Измените во медиумската регулатива беа донесени во јуни 2023 година, кога инфлуенсерите првпат беа формално препознаени. Законот беше изработуван токму со експерти на ЕУ и е според теркот на европските праксиЌе се менува ли законот со кои се регулираат инфлуенсерите?

Exit mobile version