Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) – Скопје информира за планирани прекини на електричната енергија кои денеска ќе погодат делови од општините Кисела Вода и Петровец.

Во општина Кисела Вода, без напојување со електрична енергија од 8 до 12 часот ќе останат корисниците од улицата „Димитар Мирасчиев“.

Исто така, прекин на струјата е најавен и за населбата Припор. Таму, од 9 до 12 часот ќе биде зафатен кракот 15 на улицата „Христо Татарчев“.

Проблеми со снабдувањето ќе има и во општина Петровец. Корисниците од главната улица во село Дивље ќе бидат без електрична енергија во подолг интервал, односно од 08:30 до 14:30 часот.

Exit mobile version