Денеска делови од Карпош, Кисела Вода и Бутел ќе останат без електрична енергија.
Според информациите од ЕВН Македонија, од 8 до 10 часот без струја ќе бидат корисниците на улицата „Марко Крале“, во близина на објектот број 51 во општина Бутел, додека од 08:35 до 11 часот прекин ќе има и на улицата Радишанска.
Од 08:30 до 10 часот струја нема да имаат и жителите на улица „Козле“, зад фабриката „Реплек“ во општина Карпош. Во периодот од 12 до 16 часот без електрична енергија ќе остане дел од улица 1439 во населбата Пинтија, општина Кисела Вода.


