Поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска, повеќе делови на Скопје ќе останат без струја.
Во Скопје, прекин на струја од 08:00 до 10:00 часот ќе има кај дел од корисниците на улицата „Борис Трајковски“ бр. 1 (Пегла).
Од 08:30 до 16:00 часот без електрична енергија ќе бидат жителите на село Долно Соње (улици 1, 10, 11 и 12), а од 09:00 до 13:00 часот прекин ќе има на делови од улиците „Рилски Конгрес“ и „Партение Зографски“ во општина Центар.

