Поради планирани технички зафати во електропреносната мрежа, делови од неколку скопски општини и околината денеска ќе имаат прекин во снабдувањето со електрична енергија.
Во општина Кисела Вода, без електрична енергија во периодот од 08:00 до 13:00 часот ќе бидат корисниците од улицата „Банско“.
На територијата на општина Карпош, прекин е најавен во околината на Природонаучниот музеј и објектот на „Тобако“ лоциран кај Зоолошката градина, кој ќе трае од 09:00 до 11:00 часот.
Истовремено, во периодот од 09:00 до 11:00 часот без струја ќе останат и жителите од улицата „10“ во населеното место Кадино.
Од надлежните служби информираат дека прекините се со цел подобрување на квалитетот на мрежата, а снабдувањето ќе се нормализира веднаш по завршување на интервенциите.


