Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) ги објави официјалните податоци за температурите измерени во 11 часот низ мерните станици во Македонија.
Според мерењата, Демир Капија е најтоплиот град во земјава каде живата во термометарот веќе се искачи на 30,1 степен.
Веднаш зад неа е Велес со измерени 29 степени, по што следуваат Гевгелија со 28,6, Струмица со 28,1 и Кавадарци каде се регистрирани точно 28 степени.
Во главниот град Скопје, односно на мерното место Зајчев Рид, во 11 часот се измерени 27,3 степени, додека во Штип температурата изнесува 27,2 степени.
Претпладнево е релативно топло и во Битола со 26,7 степени, Прилеп со 25,8, Виница со 25,6 како и во Крива Паланка со измерени 25,2 степени.
Под границата од 25 степени се Берово со 24,9, Пожаране со 24,0, Маврови Анови со 22,0, додека во Претор и Радовиш се измерени идентични 21,5 степени.
Најсвежо во овој термин е во Крушево со 21 степен и на Попова Шапка каде се измерени 16,8 степени.


