Поради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска (29 јуни) делови од општините Кисела Вода и Карпош ќе останат без електрична енергија, информираат од ЕВН Македонија.

Во општина Кисела Вода, од 05:00 до 13:00 часот без струја ќе бидат корисниците на улиците „Герника“ (бр. 8 и 10) и „Иван Хаџиниколов“ (бр. 3 и 5) во населбата Драчево.

Во општина Карпош, од 09:00 до 13:00 часот прекин во снабдувањето ќе има на улицата „Вангел Дину“ и дел од непарните броеви на улицата „Франц Прешерн“ во населбата Влае.

Од ЕВН апелираат граѓаните да ги планираат своите активности согласно најавените прекини.

Exit mobile version