Вкупно пет пожари на отворен простор се активни ширум државата до 12:00 часот, додека два се целосно локализирани и изгаснати, покажуваат најновите официјални податоци за состојбата на теренот на ден 30.06.2026 година. Најсериозна е состојбата во Дојран каде е зафатена шумска површина.

Според извештајот, активни жаришта во моментов има на следните локации:

  • Општина Дојран – с. Сретеново, каде што гори шума;
  • Општина Велес – покрај автопатот Велес–Штип, кај местото Чолошево (гори ниска вегетација и сува трева) и на градската депонија каде што гори отпад;
  • Општина Старо Нагоричане – с. Ругинце, каде се зафатени ниска вегетација, стрниште и сува трева;
  • Општина Шуто Оризари – кај „Џиди Комерц“, каде гори ѓубре и сува трева.

Во меѓувреме, противпожарните екипи успеале целосно да изгаснат два пожара во Општина Долнени (с. Житоше, во близина на училиштето каде гореле ниска вегетација и сува трева) и во Општина Битола (с. Кукуречани, каде горело ѓубре).

Exit mobile version