Лицата со навршени 62 години (жени) и 64 години (мажи) кои немаат 15 години стаж, но имаат барем 13 години стаж, ќе можат со уплата да ги покријат месеците што им недостигаат.

Ова го најави министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, гостувајќи во „360 степени“ на МРТ 1, наведувајќи дека решетото е во владина процедура. Моделот е наменет исклучиво за неактивни осигуреници: „Откуп на стаж се однесува и ќе се однесува само на оние коишто веќе не се денеска осигуреници, наполниле 62-64 години, нели жени-мажи, ќе имаат право тие коишто имаат до 13 години работен стаж којшто го направиле во моментот кога ги наполниле годините на старост, значи 24 месеци да го откупат својот стаж, односно да платат за истиот“.

Пресметката се базира на основица од 50 отсто од ланската просечна плата и стапка од 19,9 отсто. На пример, при нето-плата од 45.000 денари (основица 22.500 денари), еден месец чини околу 4.478 денари, односно околу 107.460 денари за максимални 24 месеци. Висината на пензијата ќе се утврдува според дотогашните примања: „Зависно колку имале во 13-те години, формулата која ќе произлезе – значи од 13 години колку штедел, на каква плата бил пријавен итн., ќе се покаже самата формула дополнително“, објасни Велковски.

Exit mobile version