Ќе бидат ли надгласани СДСМ и ДУИ за пасошите: Ќе се формира ли ново мнозинство во Собранието?

Шест пратеници фалат за да се продолжи важењето на пасошите по еден од двата предлози кои денеска се во Собранието.
Еден доаѓа од ВМРО-ДПМНЕ, а другиот од партијата ЛДП.
Пресметките покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ има 44 пратеници, поддршка најавија и 7 пратеници од групата на Меџити кои заедно со двајца и Левица и уште двајца од ЛДП може да се дојде до бројката од 55 што значи дека уште шестмина пратеници треба да го притиснат зеленото копче и да овозможат граѓаните да можат со стар пасош да излезат од Македонија, имајќи предвид дека по напуштањето на земјава, стариот пасош важи речи си секаде.
Пресметката е направена врз основа на искажаната волја на политичките партии. ЛДП веќе има свој предлог а за него нема проблем поддршка да даде и ВМРО-ДПМНЕ.
Во моментов само СДСМ и ДУИ се противат на ова решение но ако опозицијата издејствува поддршка од уште некој од помалите коалициони партнери, тогаш нема да биде чудно ако овој закон помине.
Но, денеска во Собранието седницата доцни повеќе од два часа, а според последните информации, станува збор за технички проблем со системот. Според нашиот репортер, проблемите се надминати и седницата треба да почне во секој момент.

28.02.2024 - 13:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега