Кисела Вода: Тридневен новогодишен карван со Дедо Мраз, пакетчиња и многу забава

 

Новогодишниот карван со Дедо Мраз ќе патува низ цела Кисела Вода во текот на три дена, во кои сите дечиња ќе добијат пакетчиња, а настанот ќе биде дополнет со многу музика и забава, известуваат од Општината.

Новогодишниот каравн почнува од среда, 27.12.2023, каде што Дедо Мраз во 10 часот ќе пристигне во Паркот на бранителите во Драчево.

В четврток, 28.12.2023, повторно во 10 часот ќе биде пред Домот на културата „Билјана Беличанец“, од каде што ќе се упати во градинките да ги израдува најмалите, а петокот е резервиран за неверојатна двочасовна забава во паркот во Расадник.

На 29.12.2023, во 12 часот, со детска претстава почнува големиот хепенинг резервиран за сите деца од Кисела Вода, но и пошироко, а во 12.40 часот со свој концерт ќе настапат од „Поточиња“.

Во 13.30 часот ќе ве забавуват Сара Мејс и „Данса латина Стефи“ со заеднички настап, а од 13.45 часот популарните кај младата популација, Пајак и Лара.

На крајот од хепенингот Дедо Мраз ќе подели пакетчиња за сите дечиња

25.12.2023 - 17:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега