Кирјаз: Бугарската политика ја прави Македонија да го гледа Вучиќ како единствен пријател
Потпретседателот на либералната интернационала, Емил Кирјаз гостуваше во „Click Plus“ на „ТВ21“ и кажа дека Бугарија со нејзината политика ја тера Македонија да го гледа српскиот претседател Александар Вучиќ како единствен пријател.
„Бугарската политика ја прави Македонија од Северна во Српска Македонија и дава простор на политиката на Вучиќ да се наметне, па сите во него да гледаат како единствен пријател“, кажа Кирјаз.
Кирјаз, исто така, кажа дека многу ретко кој разбира што сака Бугарија да постигне со спорот кон Македонија.
01.06.2022 - 23:19
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа