Кина ќе претстави мировна иницијатива за Украина

 

Кина денеска соопшти ќе претстави мировна иницијатива за ставање крај на едногодишната војна во Украина, заснована на дијалог меѓу завојуваните страни и почитување на територијалниот интегритет.

- Кина нема да стои настрана или да долева масло на огнот, изјави кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји на безбедносна конференција во Минхен.

- Ќе продолжиме да повикуваме на мир и дијалог, додаде тој и најави дека Пекинг ќе претстави предлог за политичко решение на украинската криза врз основа на принципите на Повелбата на ОН.

Без да прецизира на кого се мисли, Ванг рече дека има „сили кои не сакаат преговорите да успеат и војната да заврши“ и оти санкциите не ги решаваат конфликтите меѓу земјите.

- Мора да му дадеме шанса на мирот. Предлагам сите да почнат да размислуваат сталожено, особено пријателите во Европа, за тоа што можеме да направиме за да ја запреме оваа војна, нагласи тој.

Досега Кина не го осуди рускиот напад врз Украина, но ги означи САД и НАТО како виновници за војната што започна со руската инвазија на 24 февруари 2022 година.

18.02.2023 - 15:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега