Кина: Ќе ги заштитиме нашите права по царините на САД
Кина ќе продолжи да презема решителни и силни мерки за заштита на своите легитимни права и интереси откако денеска стапија на сила американските царини од 104 отсто за кинески стоки, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Лин Џијан.
Тој посочи дека Кина нема да дозволи никој да го лиши кинескиот народ од неговото легитимно право на развој, како и дека нема да дозволи штета на кинеските интереси, објави „Глобал тајмс“.
Денеска стапија на сила новите царини што САД им ги воведуваат на земјите ширум светот, вклучително и онаа од 104 отсто против Кина, пренесува Танјуг.
Покрај високите давачки за Пекинг, САД воведоа царини за увоз од десетици други земји, вклучувајќи 46 отсто за Виетнам, 32 отсто за Тајван, 25 отсто за Јужна Кореја, 24 отсто за увоз од Јапонија, 20 отсто за сите земји од Европската унија, пренесува Танјуг.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа