Кина: Автомобил влета во пешаци, најмалку петмина загинати

Автомобил удрил во пешаци на раскрсница во јужниот кинески град Гуангжу денеска попладне пренесуваат регионалните медиуми.

Во несреќата загинале пет пешаци, а 13 се повредени.

Локалните власти соопштија дека 22-годишен маж, бил контролиран од полицијата за понатамошна истрага по несреќата, пренесува 24седум.

Доставувачот по име Луи, кој бил сведок на несреќата, изјавил дека видел црно „БМВ“ како со голема брзина влегува кон раскрсницата.

Како што изјавил, возачот не застанал, а потоа побегнал.

Засега не се знаат причините кои довеле до инцидентот.

11.01.2023 - 22:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега