Вчера во 08:10 часот во Полициската станица Македонски Брод е пријавено дека при извршување градежни активности на кровната конструкција на семејната куќа, А.С.(46) од Кичево на таванскиот простор пронашол експлозивна направа.

Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување безбедно ја подигнал направата и констатирал дека се работи за противпешадиска распрскувачка потезна мина која потекнува од Втората светска војна.

Exit mobile version