КФОР пристигна во Јариње: Бројот на рутински патроли е зголемен низ цело Косово

Војниците на КФОР се појавија пред околу еден час во близина на административниот премин Јариње, каде што веќе осум дена се стационирани припадници на специјалните единици на косовската полиција, соопшти порталот Косово онлајн.

Според Косово онлајн, станува збор за американски, полски и канадски војници во рамките на мисијата на КФОР на Косово.

-КФОР внимателно ја следи ситуацијата на цело Косово и останува фокусиран на секојдневното спроведување на својот мандат – што произлегува од Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации од 1999 година – за да се осигура безбедна и сигурна средина и слобода на движење за сите заедници што живеат во Косово. КФОР го зголеми бројот и времетраењето на рутинските патроли низ Косово, вклучително и северно Косово, соопштија од КФОР за Косово онлајн.

 

27.09.2021 - 15:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа