Close Menu
Press24
    Најново

    Испливаа најнови информации за здравјето на Дачиќ

    27.02.2026 во 09:30

    Дел од строгиот центар на Скопје денеска ќе остане без струја цели осум часа

    27.02.2026 во 09:28

    Хорор во скопско училиште: Родителите во страв, ученик од четврто одделение донел нож, претходно напаѓал со ножици

    27.02.2026 во 09:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Испливаа најнови информации за здравјето на Дачиќ
    • Дел од строгиот центар на Скопје денеска ќе остане без струја цели осум часа
    • Хорор во скопско училиште: Родителите во страв, ученик од четврто одделение донел нож, претходно напаѓал со ножици
    • ВМРО-ДПМНЕ: Дали СДС се подготвени да жртвуваат нивни функционери за да го заштитат Груби
    • СДСМ: Театарот со Груби стана циркус
    • ИЈЗ со нови податоци: Oпаѓа бројот на заболени од грип, Скопје со најмногу случаи
    • Свлечиште ја затвори обиколницата околу Битола, сообраќајот се пренасочува
    • Сиљановска-Давкова денеска ќе го пречека албанскиот претседател Бајрам Бегај
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Кејн не сака да се врати во Англија

    Кејн не сака да се врати во Англија

    07.10.2025 во 11:382 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Капитенот на Англија и напаѓач на Баерн Минхен, Хари Кејн, изјави дека е отворен за продолжување на договорот со германскиот шампион и дека враќањето во Премиер лигата повеќе не е приоритет.

    Кејн, кој ја освои Бундеслигата минатата сезона и со тоа конечно стигна до првиот трофеј во својата кариера, има договор со Баерн до 2027 година.

    Иако имаше шпекулации за можно враќање во Англија, особено во Тотенхем, Кејн сега вели дека е фокусиран на Минхен и успехот со германскиот клуб.

    „Можам да се замислам себеси во Баерн подолго од сегашниот договор. Сè уште не сме разговарале за тоа, но ако дојде до тоа, подготвен сум за искрен разговор“, изјави 32-годишниот напаѓач за Би-Би-Си.

    Кејн е во одлична форма оваа сезона – постигна 19 гола за клубот и репрезентацијата.

    Главни цели во понатамоѓната кариера на Кејн се освојувањето на Лигата на шампионите со Баерн или Светското првенство со Англија, што, вели тој, би му го отворило патот до „Златната топка“.

    „Би сакал да ја освојам Златната топка. Тоа е трофеј што му припаѓа на најдобриот поединец од најдобриот тим. Затоа е потребна титула во Лигата на шампионите или на Светското првенство“, објаснува Кејн.

    Во моментов, Кејн се подготвува за претстојните натпревари на Англија – пријателски натпревар против Велс и квалификациски натпревар за Светското првенство против Латвија.

    Популарно

    Измените на Законот за пензиското и инвалидското осигурување пред Уставен

    25.02.2026 во 10:01

    Трамп едвај го започна говорот, а веќе првиот инцидент: „Црнците не се мајмуни“

    25.02.2026 во 09:51

    Патнички авион изрешетан со куршуми, Боинг 737 слета во Мајами со дупки во крилото

    25.02.2026 во 09:39

    Е ова е газда: На маса на работниците им истури 22 милиони евра – земете кеш колку што можете да носите

    26.02.2026 во 19:08

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.