Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева е пуштена на условен отпуст и на почетокот на неделава го напушти Казнено-поправниот дом „Идризово“, каде што издржуваше затворска казна од 2021 година.

Директорот на затворот, Зоран Јовановски, за СДК.МК потврди дека Јанева е ослободена со услов.

Јанева има обврска до истекот на целосната седумгодишна казна (која треба да трае до 2027 година) редовно да се јавува во Основниот кривичен суд Скопје и да ги почитува сите пропишани услови.

Во спротивно, судот може да ја врати назад во затвор.

Јанева ја издржуваше затворската казна од седум години, која ѝ беше потврдена од Апелациониот суд Скопје во јули 2021 година за предметот „Рекет“, во кој беше осудена заедно со Бојан Јовановски.

Exit mobile version