Катастрофа во Киев: Загинаа 18 лица, меѓу кои и три деца во хеликоптерската несреќа
Министерот за внатрешни работи на Украина Денис Монастирски, неговиот прв заменик Евхен Јенин и државниот секретар на Министерството Јуриј Лубкович загинаа во денешната хеликоптерска несреќа во Киевската област. Во инцидентот загинаа 18 лица, меѓу кои три деца.
Хеликоптерот се урнал блиску до градинка и станбена зграда во Бровари. Во хеликоптерот се превезувале девет лица, сметајќи го и екипажот. Сликите од местото на настанот покажуваат огромен пламен и облак чад кој оди кон небото во Бровари, кој се наоѓа североисточно од главниот град.
Шефот на регионалната воена администрација на Киев, Олексеј Кулеба, рече дека во трагедијата во Бровари повредени се 29 лица, од кои 15 деца и сите се хоспитализирани, пренесува Би-Би-Си. – Во моментот на трагедијата децата и персоналот на установата биле во градинката, појасни Кулеба.
Според локални медиуми, веднаш по падот на хеликоптерот, градинката била зафатена од пожар, по што веднаш е спроведена евакуација.
Шефот на украинската полиција Игор Клименко на Фејсбук објави дека хеликоптерот и припаѓа на Украинската служба за итни случаи.
Во моментот на падот било темно и магливо и првичните извештаи сугерираат дека хеликоптерот удрил во градинката пред да се урне во близина на станбена зграда, наведува Би-Би-Си.
Трагичната несреќа ја коментираше Антон Герашченко, советник на починатиот министер за внатрешни работи Денис Монастирски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа