Агенцијата за катастар на недвижности (АКН) ја заврши 2025 година со решени вкупно 1.040.137 предмети, со што целосно се расчистени заостанатите предмети кои чекале на обработка.
Од Агенцијата информираат дека во моментов сите тековни барања се решаваат навремено, без застој и во законските рокови. Оваа ефикасност е постигната и покрај зголемениот обем на работа. „Бројот на тековно примени предмети во 2025 година е зголемен за 8 проценти во споредба со 2024 година, но и покрај тоа, бројот на нерешени тековни предмети е намален за драстични 47,4 проценти“, се вели во соопштението.
Во делот на графичкиот регистар на градежно земјиште, ефикасноста е дури 99,6 проценти, со решени 3.863 од вкупно 3.878 примени предмети.

