Катарина Ивановска проговори за врската со Перо Антиќ: „Среќни сме заедно“

Познатата манекенка Катерина Ивановска призна дека е во врска со кошаркарот и сега претседател на кошаркарската федерација на Македонија, Перо Антиќ.

Имено веќе подолго време кружат гласини дека тие двајца се заедно, но неодамна прво манекенката гостуваше во „Жешко столче“, а на прашањето кој и е омилен дрес, таа одговори: „Види, каде што има чад има и оган, а потоа во истата емисија  гостуваше и Антиќ и одговори исто како Катерина „Каде што има чад секогаш има оган“ што дополнително ги разгоре гласините.

Сепак конечниот одговор го даде Катерина при гостување во за естрадниот ТВ магазин „Бекстејџ“ каде конечно и проговори за врската со кошаркарот. На прашањето дали има нешто меѓу нив, таа не сакаше многу да коментира само одговори кратко: „Среќни сме заедно“!

Дали тоа значи дека сте заедно?

„Среќни сме заедно“, уште еднаш одговори моделот.

Антиќ викендов ја објави првата заедничка фотографија од нив двајцата додека ручаат заедно.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.03.2021 - 11:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа