Градоначалникот на Општина Тетово, Биљал Касами одржа прес-конференција на која се осврна на реализираните проектите во областа на образованието, како и плановите доколку добие втор мандат.

-Како градоначалник на Општина Тетово, посветив посебно внимание на образованието, кое беше запоставено, политизирано и без никакви инфраструктурни инвестиции. За прв пат по повеќе од 20 години, во Тетово се гради училиште. Го градиме објектот на Средното текстилно училиште и Гимназијата „7 март“, објект со современи наставни простории, лаборатории, кабинети и помошни простории, со што се обезбедуваат високи инфраструктурни стандарди. За овие две училишта инвестираме околу пет милиони евра, делумно со финансиска поддршка од Владата, рече Касами.

Тој најави дека образованието ќе биде дел од приоритетите и во следниот мандат.

-Веќе сме планирале 12 проекти поврзани со инфраструктурата во основното образование, 5 за средното образование и 2 за градинките.Ги градиме основните училиште „Лирија“, „Братство-Миѓени“, „Истикбал“, „Напредок“, „Реџеп Вока“ во Шипковица, „Рилиндја“ во Селце, „Скендербег“ во Џепчиште и ООУ “А.С.Ќиќиш”. Според Стратегијата за развој на образованието, со сите овие инвестиции создадаваме услови во рок од 5 години да имаме целодневно образование. Во средното образование, покрај објектите за двете училишта кои веќе се во изградба, ќе изградиме и помошен објект за средното училиште „8 септември“ и целосно ќе ја реконструираме фасадата на „Никола Штејн“, истакна Касами.

Неговите заложби за предучилишното образование се насочено кон градење нов објект-градинка во Урбан блок 57 и целосно реконструирање објектите на градинката на локациите Тетекс, Спортски центар и Поток.

Exit mobile version