Карантинот не помага во борбата со Ковид-19: Истражувањето покажало од што зависи смртноста од вирусот

Во четвртокот беше објавено ново истражување за тоа кои се факторите кои што влијаат на смртноста од коронавирусот ширум светот.

Пет француски научници од Универзитетот во Париз и Тулуз ги анализирале сите земји кои што пријавиле намалку по 10 смртни случаи во првите осум месеци од пандемијата и ги споредиле со нивните смртни случаи на милион жители со останатите показатели во тие земји - од економски, социјални и здравствени услови на нациите и на мерките воведени против Ковид-19.

Заклучиле дека морталитетот од коронавирусот најмногу зависи од географската положба на земјата, животот, јавното здравје, економскиот статус и животната температура (средина).

„Сериозноста за мерките во борбата против пандемијата, вклучувајќи го и „заклучувањето“, не е поврзано со стапката на смртност“, се наведува во истражувањето.

„Земјите кои што веќе искусиле стагнација или пак намалување на животниот век, со високи приходи и стапка на незаразни болести, ја плаќаат највисоката цена на короната. Овој товар не е ублажен со строгите мерки кои што се воведуваат. Инхерентните фактори се однапред одредени кога станува збор за смртноста од Ковид-19, вклучувајќи ја и отпорноста на населението за подобра физичка подготвеност и имунитет“, заклучиле тие.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.11.2020 - 11:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега