Караџовски: Комисијата за заразни болести не одлучува за спроведување или откажување на пописот

Комисијата за заштита од заразни болести не ја носи одлуката дали пописот ќе се одржи или не, рече првиот човек на ова советодавно тело на Министерството за здравство, Жарко Караџовски. Како што кажа тој, Комисијата подготвила протокол и го испратила до надлежните, а одлуката дали пописот ќе се спроведе или не, вели тој, е одлука на други државни институции.

„До Комисијата за заразни болести во текот на оваа година беше побарано да направиме наш протокол како треба да се одржуваат избори, како ќе функционира Собранието и Владата.

Комисијата направи предлог протокол и го дадовме до Министерството за здравство и до ДЗС и понатаму дали ќе се одржува пописот и како ќе се одржува е политичка одлука.

Во моментов епидемиолошката состојба се манифестира со зголемен број на заразени, меѓутоа се уште може да се менаџира“, кажа Караџовски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.03.2021 - 12:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега