Канада: Малолетнички убиле бездомник за да се прослават на „Тик ток“

Oсум тинејџерки до смрт изболе бездомник во Торонто, Канада, а се истражува дали го убиле само за се прослават на „Тик ток“. 

Тие се на возраст меѓу 13 и 16 години, се обвинети за убиство од небрежност, пишува „Дејли мејл“. Девојките со нож го нападнале 59-годишниот Кени во неделата.

Детективот Тери Браун од Полициската единица за убиства во Торонто вели дека девојките не го познавале човекот, туку дека само сакале да украдат шише со алкохол од него. Очевидец рекол дека Кени бил во друштво со пријателка.

„Тие седеа на клупа, пиеја и пушеа цигара, кога дојдоа тинејџерките и се обидоа да го украдат малото шише со алкохол од Кени. По нападот ги видов како стојат до влезот во метрото, се расправаа и врескаа“, раскажал тој.

Полицаец им раскажал на новинарите дека девојките се однесувале „како диви животни“.

21.12.2022 - 21:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега