Close Menu
Press24
    Најново

    Спречен нов терористички напад во Европа: Уапсени тинејџери кои планирале напад врз трговски центар

    20.02.2026 во 23:50

    Полицијата пресретна измамници: Татко и син од Романија продавале лажни брендови за злато и девизи

    20.02.2026 во 23:43

    Штипјанец имал клуч од работното место, па после работно време отишол и ги собрал парите

    20.02.2026 во 23:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Спречен нов терористички напад во Европа: Уапсени тинејџери кои планирале напад врз трговски центар
    • Полицијата пресретна измамници: Татко и син од Романија продавале лажни брендови за злато и девизи
    • Штипјанец имал клуч од работното место, па после работно време отишол и ги собрал парите
    • Страшна несреќа на булевар во Гевгелија: 76-годишник прегазил 77-годишна бабичка која туркала велосипед
    • Американските војници почнуваат со евакуација од Катар и Бахреин
    • (ВИДЕО) Тирана во пламен: Молотови коктели се фрлаат врз владата, полицијата со водни топови го смирува хаосот
    • Семеен ужас: Скопјанец ја претепал партнерката и детето – заврши во полиција
    • Подгответе се за хаос: Ништо нема да биде како што изгледа – Од 26 февруари Меркур влегува во својата ретроградна фаза
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Камиони, пари, станови и земјиште – замрзнат e имот на бизнисменот Марковски осомничен за злоупотреби во РЕК „Битола“

    Камиони, пари, станови и земјиште – замрзнат e имот на бизнисменот Марковски осомничен за злоупотреби во РЕК „Битола“

    21.10.2025 во 13:40
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Српските власти на барање на Основното јавно обвинителство Битола наредиле замрзнување имот на фирма во Белград поврзана со македонскиот бизнисмен Борче Марковски кој на почетокот на месецов беше осомничен и притворен поради злоупотреби поврзани со РЕК „Битола“, тешки 1,7 милиони евра.

    Според Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, имотот што ОЈО Битола побарало итно да биде замрзнат од надлежните органи во Србија, вклучува 10 нови товарни и приклучни возила набавени во 2025 година за фирма со седиште во Белград за која е утврдено дека „има сопственичка поврзаност со лице осомничено за злоупотреби во РЕК ‘Битола4, против кое беше поведена истрага на 9 октомври“.

    Иако во соопштението на Обвинителството не е наведено за кое лице станува збор, сепак од контекстот, како и од наведениот датум, во него повеќе од јасно е дека станува збор за бизнисменот Борче Марковски, сопственик на фирмата „Марковски компани“, кој заедно со уште седум лица е осомничен во истрага на битолското обвинителство за кривични дела поврзани со јавна набавка за дислокација на погонски станици од ТЕЦ „Осломеј“ во РЕК „Битола“.

    Битолското обвинителство побарало српските власти да забранат продажба и какво било располагање со товарните возила, бидејќи постои сомневање дека тие биле набавени од кривичните дела за кои е отворена истрага во земјава.

    „Од српските органи беше побарано да забранат на правното лице од Белград, на неговиот управител или на друго лице во нивно име да ги отуѓува, оптоварува или да располага со моторните возила за кои постои сомнение дека се набавени и претставуваат посредна имотна корист од кривичните дела за кои е отворена истрага“, се вели во соопштението од Обвинителството.

    Дополнително, од српските власти било побарано да се обезбеди и отвори сеф, што, според истражните органи во земјава, осомничениот македонски бизнисмен го поседувал во една српска банка, а со цел да се провери неговата содржина.

    Поднесените барања се прифатени од српското обвинителство, кое издало наредби за замрзнување на наведениот имот.

    Покрај надвор од земјава, на барање на Обвинителството се замрзнати и околу 30 милиони денари (488 000 евра) од сметките на Марковски и неговата фирма во земјава, која исто така е опфатена во истрагата.

    Битолското Обвинителство побарало и забрана за располагање со дополнителен движен и недвижен имот на осомничениот бизнисмен и неговата фирма за кои постои сомневање дека се незаконски стекнати и кои во иднина можат да бидат конфискувани.

    „Обвинителството побара да се забрани и располагање на дополнителен движен и недвижен имот во државава – три стана во Скопје, парцела градежно неизградено земјиште и гаража, стекнати во 2024 година, како и три товарни и едно патничко возило набавени во 2025 година, за кои постои сомнение дека претставуваат принос од казниво дело, односно имот кој во иднина може да е предмет на конфискација поради сторените кривични дела кои се опфатени со истрагата“, се наведува во соопштението на Јавното обвинителство.

    Основното јавно обвинителство Битола на 9 октомври отвори истрага против бизнисменот Борче Марковски и уште седум други лица поради основани сомненија дека тие како група сториле кривични дела поврзани со јавна набавка за дислокација на погонски станици од ТЕЦ „Осломеј“ во РЕК „Битола“. 

    Меѓу другите осомничени, еден е вработен во „Марковски компани“, која исто така е опфатена во истрагата како правно лице, додека другите се поранешни раководители во Комбинатот. Меѓу нив е поранешниот директор во РЕК „Битола“, Пеце Матевски, кој веќе е обвинет во предметот „Адитив“, исто така за злоупотреби за кои веќе се води судски процес.

    Тие се товарат дека опремата што „Марковски компани“ требало да ја дислоцира, според рударскиот проект за експлоатација на рудникот за кој била наменета, воопшто не била предвидена. 

    Независно од тоа, тендерот се спровел и го добил „Марковски компани“ ДООЕЛ за сума од околу 1,7 милиони евра, а целата постапка се одвивала кон крајот на 2023 и почетокот на 2024 г. За тие пари, фирмата требало да ја демонтира опремата во ТЕЦ „Осломеј“, да ја транспортира до новата локација близу РЕК „Битола“ и потоа да ја монтира за да се употребува за транспорт на рудата која се ископувала на локацијата. „Марковски компани“ ги направиле првите два чекора, демонтажата и транспортот, но наместо да се монтира, опремата била само оставена во кругот на РЕК „Битола“ без да се монтира и употребува. 

    Битолскиот суд на Марковски првично му одреди куќен притвор, но по жалба на Обвинителството, Кривичниот совет на Судот ја преиначи мерката и му одреди 30-дневен ефективен притвор, како што од почетокот бараше ОЈО Битола.    

    Популарно

    (ФОТО) „Овој тип ми го запали автомобилот“: Бака Прасе го покажува лицето на човекот осомничен за запалување на неговиот Брабус

    20.02.2026 во 19:49

    Хорор во Солун: Пронајдени телата на две исчезнати жени, полицијата се сомнева на сериски убијци

    20.02.2026 во 19:25

    Американските војници почнуваат со евакуација од Катар и Бахреин

    20.02.2026 во 22:50

    Се излеа Сива Река, одрони на патиштата – ЦУК информира за состојбата во Македонија

    20.02.2026 во 11:44

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.